Српските безбедносни служби дошле до информации дека хрватски генерали кои учествуваа во прогонот на Србите во акцијата „Олуја“ во 1995 година, ја обучуваат косовската војска. Како што пишува „Новости“, хрватски ветерани им пренесуваат искуства во вооружени дејствија, воени тактики и маневри.

Целата операција не се одвива официјално преку хрватската војска за да не биде обвинета дека се меша во дијалогот Белград-Приштина туку преку приватни агенции блиски до генералот Анте Готовина.

„Новости“ пишува дека голем број Албанци се бореа на страната на хрватската војја во војната против Србија и оти ова не треба да биде изненадување.