Членката на Градскиот совет на Ријека, Мирјана Јукиќ е пронајдена мртва во нејзиниот стан, објави хрватскиот весник „Нови Лист“, додавајќи дека причините за нејзината смрт се уште се утврдуваат.
Јукиќ, која е поранешна членка на партијата Жив Ѕид, беше доста ангажирана во врска со социјалните прашање. Во декември минатата година, таа го поддржа усвојувањето на Буџетот на Ријека за 2019 година, поради што беше изложена на критики од страна на нејзините сопартијци и ја напушти партијата Жив Ѕид, која е дел од опозицијата во Градскиот совет.
Извори од Жив Ѕид информираа дека за смртта на 49-годишната Јуриќ биле информирани од нејзина соседка, која изјавила дека „преку прозорецот ја видела како лежи на подот во нејзиниот стан“.
„Нови лист“, повикувајќи се на неофицијлани полициски информации, наведува дека најверојатно станува збор за самоубиство.
Comments are closed for this post.