Нуркачи, полиција, граѓани се уште трагаат по Матеј Периш (27) од Сплит, кој исчезна ноќта на 31 декември.
Вчера, на петтиот ден од потрагата по Матеј Периш (27) од Сплит, кому ноќта меѓу 30 и 31 декември во Белград му се губи секоја трага, во акцијата се вклучија и нуркачи од Жандармеријата и Управата за криминалистичка полиција!
Припадници на МВР вчера цел ден го чешлаа шеталиштето Сава, местото каде камерите последен пат го забележаа движењето на исчезнатиот млад човек.
Нуркачи ја чешлаа реката
пријателите пријавиле дека Периш исчезнал додека одел во клубот „Готик“ во Бетон Хол, а последен пат го виделе околу 02.30 часот, но во понеделникот се појави снимка на која се гледа млад човек кој одговара на описот на Сплитецот од 01.47 часот до 02.51 трча по улицата Караѓорѓева, па шеталиштето Травничка и Савска, се обидува да запре такси и на крајот се спушта по скалите во ледената Сава и почнува да плива. Наводно, пред да влезе во водата, младиот човек извесно време бил во напуштен хангар во близина.
Според српските медиуми причината за паничното трчање по околните улици е екстази таблетите што ги конзумирале во клубот од кои добил напад на паника и најверојатно влегол во реката.
Comments are closed for this post.