Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај новата година ја помина во едно од најмонденските места во Швајцарија. Тој заедно со сопругата, трите деца и внуката една недела минал во Ст. Мориц.
Во хотелот Карлтон, каде што претстојувал ноќевање чини 5.000 франци. Според проценките, за целото зимување тој издвоил околу 80.000 франци бидејќи станува збор за еден од најлксузните хотели.
Швајцарија е омилена дестинација на Харадинај уште на времето кога таму работел како обезбедување во дискотеки пред да се приклучи на ОВК на Косово.
Comments are closed for this post.