Косовскиот премиер Рамуш Харадинај му испрати телеграма на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, со честитки за 70-годишнината од основањето на Алијансата, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во телеграмата, која ја објави на својата страница на Фејсбук, Харадинај потсетува и на интервенцијата на НАТО врз тогашна СР Југославија, за што, како што нагласува, „народот на Косово ќе им биде вечно благодарен на САД и на другите земји членки на НАТО”.
Пред дваесет години НАТО ги одбрани правата на народот на Косово наспроти една геноцидна кампања на убиства и терор. Народот на Косово ќе им биде вечно благодарен на САД и на другите земји членки на НАТО. Сега, како слободен народ со природна и непоколеблива евроатлантска ориентација, ние тежнееме да станеме дел од алијансата на државите на НАТО и да го дадеме нашиот целосен придонес во одбраната на вредностите и принципите на безбедноста, слободата и демократијата. #WeAreNATO#NATO70″, напиша Харадинај.
Në shënim të 70-vjetorit të nënshkrimit të Traktatit të NATO-s, në emër të popullit dhe Qeverisë së Kosovës, i kam…
Posted by Ramush Haradinaj on Thursday, April 4, 2019
Comments are closed for this post.