Еден полицаец доби отказ, а против двајца ќе биде покрената дисциплинска постапка затоа што принудиле група мигранти да скандираат навивачки слоган, истовремено снимајќи ги со мобилен телефон.
На друштвените мрежи се шири снимка на која хрватски полицаец принудува групата мигранти да го скандираат слоганот на фудбалскиот клуб „Динамо Загреб“, а во позадина се гледа и полициското возило.
За снимката која настанала на 6 март, Центарот за мировни студии во Загреб добил потврда од МВР дека хрватски полицаец е одговорен за снимање на мигрантите и принудување на извикување на навивачки слоган.
„Имајќи предвид дека затекнатите лица добро се служеле со англискиот јазик, еден од полициските службеници ги принудувал мигрантите на непримерна комуникација, притоа ги снимал со мобилен телефон“, стои во одговорот од полицијата.
Од полицијата додаваат дека против тројцата службеници ќе бидат преземени дисциплински мерки, а полицаецот кој ја „снимил сцената“ ќе биде избркан од работа.
Настанот се случил во близина на станицата на граничната полиција во Цетинград. Лицата кои се обиделе да влезат во Хрватска се вратени во Босна и Херцеговина.
Comments are closed for this post.