По 38,5 часа расправа на пленарната седница од средата наутро до денеска, пред малку во грчкиот Парламент започна гласањето за ратификација на Договорот од Преспа.
Со прозивање, сите 300 пратеници ќе треба да кажат дали гласаат „да”, „не” или „воздржано” за нацрт законот на Министерството за надворешни работи на Грција за ратификација и стапување во сила на Договорот од Преспа.
Тридневната дебата, со говор, ја затвори алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос.
Comments are closed for this post.