Грција е на второ место во Европа според популизмот, објави денес шведскиот институт Тимбро.
Според годишниот индекс, на прво место е Унгарија, потоа Грција и трета е Италија, а во сите три земји расте поддршката за авторитарните популистички партии. Спротивно на нив се Малта, Ирска и Велика Британија.
Споре Тимбро, Грција е една од четирите членки на ЕУ каде што во владата се само популисти, додека популистичките партии во земјата имаат поддршка од 50 проценти, податок според изборите во 2015 година.
Во однос на ниво на ЕУ, истражувањето покажало дека авторитарниот популизам е трета идеолошка политичка сила во Европа, при што се очекува натамошен напредок на претстојните избори за Европскиот парламент.
„Авторитарните популистички партии се карактеризираат со тоа што политиката ја гледаат како конфликт меѓу „елитата“ и хомогените луѓе со заеднички интереси. Тие партии имаат авторитарен поглед на демократијата со што се загрозуваат европските вредности“, изјави Андреас Јохансон Хеино, автор на студијата.
Comments are closed for this post.