Големи протести се случуваат во Грција во градот Уранополис поради упадот на полицијата во православниот грчки манастир Есфигмен на Света Гора.
Упадот наводно се случил откако полицијата добила дојава дека во манастирот се изведуваат обуки на т.н верски фанатици поврзани со руски служби. Било планирано да се апсат и монаси но тоа било спречено откако се собрале верници да ги бранат.
Каков манастир е Есфигмен
Ова светилиште на Света Гора уште во 1972 година го раскинал канонското единство со Царигадската патријаршија поради заедничките молитви со римокатоличката црква и оттогаш трае спорот меѓу Управата на манастирот и Патријаршијата во Цариград.
Во Есфигмен се наоѓаат 119 монаси и искушеници кои Вартоломеј ги нарече „верски екстремисти“, „расколници“ и „руски агенти“.Монасите во манастирот велат дека ќе ја чуваат автономијата на манастирот и ќе се бранат доколку грчката полиција се обиде да влезе.
Грчката полиција како причина за вле во манастирот ја посочува судската одлука за отстранување на ревносните монаси од манастирот Есфигмен е донесена во 2002 година, а ново братство на манастирот е формирано во 2005 година.
Comments are closed for this post.