Атина донесе една дипломатска одлука со која веднаш може да се направи разлика меѓу владата на Алексис Ципрас, со сегашната на Киријакос Мицотакис – Грција го призна Хуан Гвадидо за привремен претседател на Венецуела.
Владата не Хеленската Република, согласно заедничката позиција на 28. членки на ЕУ, како и изјавата на високата претставничка Могерини, одлучи да го признае демократски избраниот претседател на Националното собрание Хуан Гвадидо за претседател на Венецуела кој треба да организира слободни, фер и демократски претседателски избори“, се наведува во соопштението на грчкото МНР.
Во истото соопштение се додава дека Атина ги поддржува напорите на ЕУ поврзани со иницијативите како преговорите во Осло за да се постигне мирно политичко решение на кризата во Венецуела.
Comments are closed for this post.