Грчкото авијација која започна со подготовка за чување на македонското небо е една од најсилните во Балканот. Кога Македонија и официјално ќе стане членка на НАТО Грција ќе биде задолжена за безбедноста на нашето небо.
Тоа е редовна пракса за држави-членки кои немаат своја авијација.Покрај Македонија, Грција тоа веќе го прави со Црна Гора и Албанија.
Станува збор за т.н „паметна одбрана“, кој подразбира дека во недостиг од одредени средства или опрема на одредена земја тие можат да ѝ бидат на располагање на земјата од сојузниците доколку истата таа го побара тоа.
Македонските авиони одамна се приземјени а на располагање имаме само хеликоптери за ниски висини.
Мисијата „Air Policing“ е мирновремена задача на НАТО, која вклучува користење на системот за следење на воздушниот простор и управување со системот за команда и контрола на воздухопловните сили со соодветни сили и средства за противвоздушна одбрана, со цел заштита на воздушниот простор на земјите членки на НАТО.
Comments are closed for this post.