По трагичната смрт на 15-годишно девојче, коешто земало дрога екстази, граѓаните на српскиот град Аранѓеловац одлучија да почнат војна против дилерите на дрога.

Граѓаните, предводени од родителите, подготвија список со имиња на лица кои продаваат дрога во Аранѓеловац и со нивните регистарски таблички и листата ја предадоа во полиција.

Граѓаните организираа и марш во Аранѓеловац во знак на протест поради зачестената продажба на наркотици во градот.

Тие носеа транспаренти „Дрогата е смрт“ и порачаа „Родители не свртувајте ја главата, разговарајте со децата“.