Градот Бања Лука пред кус период доби нов градоначалник, младиот Драшко Станивуковиќ. Тој превзема во свои раце многу чекори, а особено е посветен на помош од секаков вид за своите граѓани. Иако не е негова надлежност, Станивуковиќ набавува вакцини за жителите на својот град.
Тој најави дека градот ја почнал подготовката за процесот на вакцинација и дава поддршка со дополнителни пунктови ако е потребно за граѓаните.
На социјалните мрежи, се пофали со оваа мерка, а тој и неговите поддржувачи ја искористија Македонија како лош пример, па направија споредба: „И Бања Лука пред Македонија, дами и господа“!
Comments are closed for this post.