Голем пожар избувна на вториот крак на Халкидики, во областа Ситонија. Возачите велат дека видливоста на патот од Солун до Неа Муданија е намалена.

Шума и сува трева се разгореа во областа на Каламици во Ситонија во соседна Грција.

Четеринаесет противпожарни екипи и 24 пожарникари веќе се ангажирани во борбата против пламените јазици. Се подготвува и специјализиран авион да учествува во гаснењето на пожарот.

Корисниците на социјалните мрежи пишуваат дека видливоста на патот од Солун кон Неа Мудања е многу слаба, а автомобилите се паркираат странично бидејќи не можат да го продолжат патувањето.