Половина милион евра требало да чини ликвидацијата на Јован Вукотиќ која и се случи пред неколку денови. За толку пари пред две години Петар Мујовиќ се согласил да го ликвидира Вукотиќ. При апсењето на Мујовиќ, кај него бил пронајден шифриран телефон во кој имало и прекари на лицата кои, како што се претпоставува, наредиле ликвидација на Вукотиќ.
Мујовиќ на распитот во полиција наводно признал дека бил вооружен и чекал прилика да го убие Вукотиќ за што требало да добијат половина милион евра.
Мујовиќ и неговиот пријател Рафаиловиќ, според полициските информации, се поврзани со „Кавачкиот клан“.
Comments are closed for this post.