Кога во 2011 во октомври целиот западен свет ја славеше ликвидацијата на Моамер Гадафи Миодраг Ѓорѓевиќ запали свеќа во негова чест.
За тоа имаше голема причина бидејќи тој долги години бил личен готвач на Гадафи. За познанството со претеседателот на Либија вели дека ќе ги памети цел живот и оти тој е голем лидер.

Во Либија заминал 1990 година и препорака му било што го знаел арапскиот јазик што го научил додека работел во Ирак.

За Гадафи вели дека бил голем гурман и дека пилешкото му било омилено.

Неговата сопруга Сафија во една прилика ми рече дека готвам подобро од многу Либијки. Кога во 2000 година во Сирт беше организаран голем Самит на кој главен гостин гостин беше Тони Блер. За него и за Гадафи направив полнети пилиња и ориз. Беа воодушевени за што ја добив најголемата награда-Либијски пасош-раскажува Миодраг за дружбата со Гадафи.