Срѓан Лалиќ, обвинетиот сведок во постапката против криминалната група Вељко Беливук и Марко Миљковиќ ги изнесе сите детали што ги знае за криминалната активност на таа група. Во судницата ги покажа сите видеа и слики од викендицата за мачење во Ритопек.
Снимките се добиени преку меѓународна помош, кои обвинетите ги разменувале преку апликацијата Скај, како и снимени преку видео надзор. Бидејќи сликите првпат се јавно прикажани во судница, Лалиќ треба да се изјасни кој е кој на фотографиите и дали се автентични.
Comments are closed for this post.