Филип Кораќ кој од вчера е во затвор во Хрватска беше главен ривал на Веља Невоља и Марко Миљковиќ Месар.Токму тој ги донел хулиганите од Сплит на натпреварот Партизан и Звезда во 2017 година.
Филип Кораќ е наследник на Земунскиот клан, најголемата криминална организација во Србија,.Поврзан е и со врвот на црногорскиот Шкаљарски клан.
Хрватска распиша меѓународна потерница и европска потерница за поседување фалсификуван хрватски пасош. Неговото име се поврзува со мафијашки убиства во соседните земји, наводно десна рака на Лука Бојовиќ, кој моментално е во затвор во Шпанија.
Вешто го крие својот изглед
Досега ретко кој знаеше како изгледа Филип.Тој сите овие години многу внимавал никој да не ја фотографира. Дури и на приватни прослави било забрането камера да се врти кон него.
Кораќ беше ривал на познатите српски криминалци Веља Невоља и Марко Миљковиќ Месар. Во Србија тој беше гонет за поттикнување убиство, но беше суспендиран бидејќи немаше докази.
Comments are closed for this post.