Жесток судир се појави меѓу шефовите на Турција и на ЕУ откако европратеници побараа ЕУ веднаш да ги суспендира преговорите за членство со Анкара.
Турција возврати дека е „апсолутно неприфатливо“ гласањето во Комисијата за надворешна политика на ЕП со кое се бара да се прекинат разговорите меѓу Анкара и Брисел.
Европратениците побараа Брисел да ги суспендира преговорите за членство со Турција повикувајќи се на кршењето на човековите права и граѓанските слободи, влијанието врз судството како и територијалниот спор со Кипар и со другите соседи.
Портпаролот на турското МНР Хами Аксој возврати преку соопштение:„Целосно неприфатливо што необврзувачки, советодавен нацрт текст повикува на целосна суспензија на нашите асоцијативни преговори со ЕУ“.
Тој додаде дека Анкара очекува „неопходни измени на завршниот извештај кој мора да биде пореален, непристрасен и охрабрувачки“.
Comments are closed for this post.