Извештајот со кој се препорачува прием на Бугарија и Романија во шенген-зоната, откако тие ги исполниле сите услови, е усвоен од страна на Европскиот парламент со 505 гласа „за” и 134 „против”, додека 54 беа „воздржани”, се наведува во соопштението на ЕП.
Хрватска ги исполни сите услови за влез во шенген-зоната според резолуцијата на ЕП, која истовремено повикува Загреб да ги реши недостатоците во обуката на персоналот на границата и „да инсистира на темелна проценка на почитувањето на основните права”.
ЕП повика и на продолжување на слободното движење во рамките на шенген-зоната, додека европратениците истакнаа дека некои проверки во внатрешните граници извршени од 2015 година се незаконски, наведувајќи дека Европската комисија треба да поведе постапка. Загриженост во ЕП претставуваат и извештаите за одбивањето на мигрантите од надворешните граници на ЕУ, од страна на граничната служба „Фронтекс“.
Comments are closed for this post.