Потрагата по Матеј Периш не стивнува. Поминаа 49 дена од неговото исчезнување, а сега на социјалните мрежи се појави невидено видео на кое се гледа како насмеаниот Матеј ужива во песна на Оливер Драгојевиќ со пријател на бродот.

Видеото е направено во 2019 година. На него се гледа Матеј, но се слуша и неговиот глас, што може да помогне во неговата потрага, со оглед на тоа дека постои можност да не изгледа како сега.

Младиот човек по кој се трага веќе 49 дена во спотот ја пее песната „Среќа“.

Стиховите од хитот на Драгојевиќ, кои Матеј ги испеа насмеано и многу весело, гласеа:

„Мирот го најдов во слободата, во празен кревет и ладна соба, а како да го опишам, не можам да дишам од среќа. Најдов мир од друга страна, немам чувство дека некој недостасува, како да опишам, не можам да дишам од среќа“.