Во пресрет на денешните претседателските избори, црногорскиот портал „Вијести“ објави обемна истрага која открива како актуелниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, го добил својот прв, легален, милион, пренесува Нова.рс. .
Акциите на „Прва банка“, во сопственост на актуелниот црногорски претседател Мило Ѓукановиќ преку неговата компанија „Капитал инвест“, компанијата „Изомонт ДВ“ ги купи по пет пати повисока од номиналната цена во јули 2008 година. Исто така, мнозински сопственик на „Прва банка“ е братот на претседателот, Ацо Ѓукановиќ.
„Прва банка“ и дала заем на компанијата „Изомонт ДВ“ за да ги откупи нејзините акции, но според тогашниот закон за банкарство, било забрането банката да дава кредит на клиент за да ги купи нејзините акции.
Интересно е и тоа што во периодот на тие трансакции со Прва банка, седиштето на фирмата „Изомонт ДВ“ било на иста адреса со фирмата на Мило Ѓукановиќ „Капитал инвест“, па се укажува дека таа компанија не случајно ги купила акциите на „Прва банка““.
При купувањето акции, сопствениците на фирмите може да се проверат во централниот регистар, но во периодот кога „Изомонт ДВ“ ги купи акциите на „Прва банка“ од „Капитал инвест“ на Ѓукановиќ нема официјални информации за сопствениците и управителите. .
Како последица на светската економска криза во 2008 година, „Прва банка“ наиде на сериозни проблеми и во декември истата година владата на Мило Ѓукановиќ на банката и даде „државна помош“ од 44 милиони евра. Затоа, „Прва банка“ не добила ниту заем туку добила грант од државата, а во исто време Ѓукановиќ има уште околу десет илјади акции во таа банка, вредни 1,2 милиони евра.
Мило и неговиот „Капитал инвест“ ги продадоа преостанатите акции на „Прва банка“ во април 2013 година за 1,06 милиони евра. Според документацијата до која имал пристап „Вијести“, тие акции ги купил Ацо Ѓукановиќ. На овој начин Ацо му помогна на својот брат да го заработи првиот легален милион евра.
Comments are closed for this post.