Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен на Твитер најави дека нејзината институција ќе предложи формално воведување на пасоши за граѓаните да можат да патуваат во услови на пандемија, јави дописничката на МИА од Брисел.
-Овој месец ќе поднесеме предлог закон за Дигитален Зелен Пасош. Целта е да се поднесе доказ дека лицето е вакцинирано. Оние коишто уште не можеле да добијат вакцини, да достават негативен тест, твитна претседателката на Европската Комисија и увери дека овој предлог ќе ги почитува сите стандарди на ЕУ за заштита на личните податоци.
За Фон дер Лајен овој пасош треба да го „поедностави“ животот на Европејците и да им се овозможи постепено повторно да патуваат и да се движат преку границите.
На брифингот на Европската Комисија денеска не се дадоа повеќе детали за содржината на овој предлог кој треба да биде поднесен во текот на овој месец
Comments are closed for this post.