Европската унија во извештајот за Србија бара затворениците од Хаг кои си ја отслужија казната да не се појавуваат во медиуми и во телевизиски емисии.
Ова е навистина неразбирлив потег бидејќи тие ја имаат отслужено казната и никаде не стои дека тие не смеат да бидат во медиумите.
Шешељ, Шљиванчанин и останатите се редовни гости и звезди на медиумите во Србија.
Во последниот редовен документ на Европската комисија за владеење на правото, односно поглавјата 23 и 24, меѓу другото се критикува Белград.
– Србија продолжува постојано и јавно да ги разгледува пресудите на Меѓународниот трибунал за воени злосторства. Одредени политичари, вклучително и оние од министерствата и партиите, продолжија да поддржуваат и обезбедуваат јавен простор за осудените воени злосторници-објавува „Новости“.
Comments are closed for this post.