Ер Србија вработи повеќе од сто нови лица, за најинтензивната летна сезона од постоењето на компанијата во 2013 година, соопшти националниот авиопревозник.
Ер Србија изјави дека со вработување на нов персонал, таа се подготвувала за најавеното продолжување на мрежата во редовен и сезонски сообраќај со 21 линија, од кои девет од Белград и 12 од Ниш.
Националниот авиопревозник од јуни ќе го поврзе Белград со Киев, Мадрид, Барселона, Риека, Краснодар, Хелсинки, Каиро, Никозија и Задар.
Во средината на јули, Ер Србија воспоставува нови 12 линии од Ниш до Нирнберг, Франкфурт (Хан), Хановер, Фридрихафен, Карслшуе, Салцбург, Рим, Болоња, Будимпешта, Гетеборг, Љубљана и Тиват.
Comments are closed for this post.