Припадниците на Федералната управа за цивилна заштита на полигонот за уништување неексплодирани убојни средства, на планината Бјелашница, уништија четири авио-бомби, кои во изминатиот период беа пронајдени на градилиште за нов трговски центар во Сараево.

Авио-бомбите се уништени една по една, во контролирана експлозија, изјавија од ФУЦЗ.

Припадниците на ФУЦЗ од рано утрото ги започнале активностите, пред се на подготовка, а потоа и транспорт на авио-бомбите на локалитетот на полигонот за уништување.

Бомбите се пронајдени при ископ за изградба на трговски центар во Сараево на 5 септември, втората на 7 септември, третата на 10-ти и четвртата на 11 септември.