Портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич изјави дека Брисел не коментира индивидуални позиции на инволвираните страни, откако косовското собрание вчера ја усвои таканаречената „Приштинска платформа“, во која се предвидува взаемно признавање меѓу Косово и Србија во рамки на постоечките граници.
Срспката страна го оцени овој потег како „удар врз дијалогот“ и „спротивен на здравиот разум“, според премиерката Ана Брнабиќ.
Го видовме законот за дијалогот усвоен во косовскиот Парламент, но како олеснувач ЕУ не коментира индивидуално позиции на ниту една од страните, само преку преговори може да се постигне конечен договор и продолжуваме да веруваме дека дијалогот е единствениот пат напред, во интерес на граѓаните на Косово и на Србија и на регионот, истакна Коцијанчич.
Дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина е во застој од крајот на минатата година кога Косово воведе зголемување на царините врз производите од Србија и Босна и Херцеговина од сто отсто.
Одлуката на косовските власти за царините не помогна да се создадат услови за продолжување на дијалогот, повторно ја повикуваме косовската Влада веднаш да ги суспендира царините за да може повторно да продолжат преговорите, нагласи портпаролката на ЕК.
Comments are closed for this post.