Евростат постојано го поддржува Државниот завод за статистика да ги усогласи статистиките со стандардите на ЕУ, вели портпаролката Писонеро за МИА

Сите страни да се однесуваат конструктивно и да не го политизираат пописот, апелира Европската комисија.

На прашање на МИА во Брисел да го коментираат состанокот на бугарскиот претседател Румен Радев со безбедносните служби за наводно непочитување на правото на самоопределување на Бугарите во нашата земја непосредно пред пописот, од Европската комисија ја охрабруваат Македонија да го спроведе пописот во согласност со сите европски стандарди и регулативи.

Евростат постојано го поддржува Државниот завод за статистика да ги усогласи статистиките со стандардите на ЕУ. Пописот треба да остане статистичка операција, а не политичка, и ги повикуваме сите што придонесуваат за пописот да го прават тоа на конструктивен начин“, вели Писонеро.

Македонската влада и претседателот оценија дека ваквиот потег на бугарскиот претседател е непотребен во услови кога земјите се членки на НАТО и дека ова е мешање во внатрешните работи.