Едно лице загина при експлозија, која одекна утрово околу 7 часот во станбена зграда во центарот на Загреб.
Безживотното тело е пронајдено во еден од становите на зградата. На местото на инцидентот се наоѓаат екипи на итна медицинска помош, на полицијата и пожарникари.
Засега нема информации за други жртви или повредени лица, ниту е позната причината за експлозијата.
Comments are closed for this post.