Косовската полиција уапси двајца службеници во Министерството за здравство на Косово, кои се оосмничени дека го оштетиле државниот буџет за над 1,3 милиони евра.
Станува збор за актуелниот и за поранешниот финансиски директор на Министерството, Хајзер Добра и Муса Реџа.
Добра се товари дека лани и во текот на оваа година му нанел штети на буџетот на Косово во износ од 132.345 евра, а Реџа, пак, е осомничен дека од 2014 до 2017 година дозволил истекување на средства од Министерство за лажни службени патувања во износ од 1.170.540 евра.
На двајцата осомничени им е изречена мерка притвор во траење од 48 часа.
Comments are closed for this post.