За договорот од Преспа има огромно негативно мислење во Грција, покажало најновото истражување на политичкиот барометар за прашања од надворешната политика.
Според анкетата спроведена во ноември, за договорот од Преспа негативно се изјасниле 65 проценти од испитаниците, додека „за“ се само 17 отсто, додека пет проценти немаат мислење.
На барометарот во надолна линија е поранешниот министер Никос Коѕијас со негативно мислење од 60 проценти, а позитивно имаат 32 проценти. Мерена е популарноста и на македонскиот премиер Зоран Заев за кого негативно мислење искажале 53 проценти од испитаниците, додека 28 проценти рекле дека имаат позитивно мислење.
На прашањето за грчко-турските односи, 52 проценти сметаат дека тие на најлошо ниво од кога било, а само 2 проценти сметаат дека тие се подобриле од лани. Во анкетата има прашање и за американскиот амбасадор: „Што мислите за американскиот амабсадор во Атина Џефри Пјат?“. На тоа, 29 отсто од испитаниците одговориле позитивно, додека 31 негативно.
Comments are closed for this post.