Претседателот на Косово Хашим Тачи е под истрага за проневера на пари.Тој се наоѓа под истрага дека исчезнале најмалку три милиони долари наменети за лобирање на Косово.

Според медиумите парламентарната комисија му пратила на Обвинителството документација за четири спорни милионски договори кој Тачи ги склопил со странски лобисти.

На лобистите парите им се исплатени од државниот буџет но Тачи ги искористил за лична промоција. Сомневањата одат дотаму што се тврди дека дел од тие пари се икористени за печатење на неговата автобиографска книга.