Црна Гора, но и Србија деновиве е на нозе отако црногорскиот парламент го донесе Законот за слобода на вероисповест. Српските верници се кренаа на нозе, ги запоседнаа црквите и манастирите и ги блокираа патиштата. Но, малкумина знаат што точно пишува во спорниот закон и што тоа ќе значи.
Се работи за закон кој има неколку спорни члена кои се однесуваат на сопственоста на верските заединици и за земјиштето на кои се изградени.
Конкретно, верските заедници ќе докажат дека пред 1918 година биле сопственици на имотот,во спротивно ќе им биде одземена.
Верските објекти кои се изградени на територијата на Црна Гора со заеднички вложувања на граѓаните до први декември 1918 година, а за кои не постојат докази за сопственот стануваат културно богатство на државата Црна Гора-се наведува во спорниот член.
Историскиот период 1918 година е важен бидејќи Црна Гора дотогаш била кралство по што стапува во заедница со Србија.
Со законот се предвидува комисија да направи попис на сите верски објекти и доколку се утврди дека немаат имотен лист тие ќе продолжат со работа се додека државата не одлучи што ќе прават со нив.
Во Црна Гора речиси сите цркви се под владение на Српската православна црква, меѓу кои и најпознатиот манастир Острог.
Comments are closed for this post.