Романски борбени авиони следеле патнички авион на лет од Москва кон Истанбул во воздушниот простор на таа земја, откако била примена дојава за бомба во авионот, соопшти прес-службата на романското Министерство за одбрана.
„Романските воздухопловни сили денеска извршија нова мисија во националниот воздушен простор за пресретнување и придружба на цивилен авион на ‘Туркиш ерлајнс’ што леташе од Москва до Истанбул. Пред тоа, од цивилната контрола на летање е добиена дојава дека во авионот е поставена бомба“, се вели во пораката објавена на Фејсбук страницата на романското Министерство за одбрана.
Министерството појасни дека воените авиони го следеле цивилното летало во согласност со важечките закони и процедури додека авионот го напуштил воздушниот простор на Романија.
Comments are closed for this post.