Штрајкот на синдикатите на вработените во просветата во Хрватска, кој траеше речиси два месеца, прифатливо заврши само за наставниот персонал, но не и за т.н. помошен, како што се хигиеничари, домари, готвачи, оценуваат хрватските медиуми.
Најголемо незадоволство генерира тоа што на ненаставниот персонал нема да им бидат зголемени коефициентите за сложеност на работата, туку ќе добијат додатоци на плата.
Хрватскиот портал Индекс објави дека поради договорот вчера дошло до конфликт меѓу двата најголеми синдикати поради тоа што владината понуда била прифатена без да биде прашано членството, што е објаснето дека не сакале дополнително да ја отежнуваат ситуацијата. Индекс посочува дека со тоа, ненаставниот персонал, меѓу кои и хигиеничарките и готвачките, кои синдикатите често ги спомнуваа за време на протестите, ќе го добијат она што наставниците без размислување го одбија минатата недела.
Comments are closed for this post.