Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, стана дедо по шести пат, откако неговиот син, Игор доби дете.

Патувајќи кон Србија, Додик застана на граничниот премин Градишка каде што ја подели радоста со службениците на граничниот премин Градишка. Притоа, Додик ги почести граничарите и наздрави со нив со по некоја чашка ракија.

Прославата ја збогатија звуци на хармоника, а врв на прославата беше моментот кога самиот Додик запеа понесен од ритамот на музиката.

За синот на Додик, ова е второ дете, додека неговата ќерка Горица има четири деца.