57-годишна жена почина само неколку часа откако ја прими вакцината на АстраЗенека. Државата времено ја прекинува имунизацијата со оваа вакцина како превенција додека не се открие точна причина за смртта.
Бугарските здравствени власти појаснуваат дека жената била обезна и имала претходни срцеви болести.
-Фателен исход за 57-годишна жена кој се случил во неговиот дом, изутрината во 03:00 часот. Вакцинацијата е извршена вчера во 12:00 часот. Жената се прибрала дома без никакви поплаки. Вечерта во 03:00 часот почувствувала потешкотии во дишењето и повикуваат Итна медицинска помош. Колегите пристигнуваат навремено, но само констатираат смрт. Сега има многу прашање, чекавме да заврши аутопсијата. Сакам да ви биде јасно дека ова е превентивна мерка за да може да бидеме сигурно оти по седум дена ќе дојдеме до конечно решение како ќе продолжиме со вакцинацијата со АстраЗенека, вели Ангелов.
Освен Бугарија, вакцинацијата со АстраЗенека ја прекинаа и Австрија, Данска, Исланд и Норвешка. Италија, пак, ја забрани имунизацијата со пратката од која се појави тромб кај некои вакцинирани здравствени работници. Станува збор за пратка од 1 милион дози која е испратена во 17 држави во Европа.
Албанија денеска доби 38.400 дози на АстраЗенека преку КОВАКС системот. Македонија кон крајот на овој месец очекува околу 25.000 дози.
Министерството за здравство вели дека Европската агенција за лекови потврдила оти АстраЗенека е безбедна и има висока ефикасност.
Нема докази дека здравствените состојби на пацинетите се поврзани со вакцината. Дел од земјите ја продолжија вакцинацијата со Астра Зенека, како Германија и Франција, а Шпанија воопшто ја нема прекинато. Дел од земјите привремено ја стопираа вакцинацијата. Нашата земја ќе ги следи насоките и препораките на европската медицинска агенција и СЗО и ќе постапува согласно новите препораки, велат од Здравство.
Comments are closed for this post.