Александар Обрадовиќ новиот директор ЕЛЕМ трејд зад себе има многу скандали. Тој си замина од Србија како директор на ЕПС, кое всушност е пандан на нашето ЕВН само што таму електродистрибуцијата е во државна сопственост.

Компанијата ја остави во долгови и го прифатил повикот на Заев да му биде советник за економски прашања.

Обрадовиќ во 2019 година како што пишуваше „Република.рс“ со својата сопруга ја нападнале дадилката која им го чувала детето.22 годишната Андријана ги пријавила двајцата во полиција откако сакале да ја тепаат.

На сопругата на Обрадовиќ не и се допаднало како Андријана му давала лек на детето и ја нападнала и шутирала.

Друг скандал поврзан со Обрадовиќ е што си ја вработил како секретарка во неговиот кабинет балерината Драгана Милошевиќ. Таа била во врска со фолк пејачот Немања Обрадовиќ а тој ја оставил откако влегла во реалното шоу „Фарма“.