САД и ЕУ ги враќаат кадрите од деведесеттите повторно на Балканот. Во играта влегува повторно и Велика Британија која го назначи и Стујарт Пич за специјален пратеник.Тој е поранешен генерал на НАТО со искуство од Косово.Пич ќе ги собере во Лондон следната недела министрите за надворешни работи од Западниот Балкан.
Повторното активирање на поранешната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт (назначена за претседателка на комитетот за одбранбена политика на Пентагон, центарот на американската воена моќ) предизвика таква бура во Балканот. Веќе се коментира дека САД и претседателот Бајден ги враќаат кадрите од деведесеттие години повторно на Балканот.
Олбрајт (84) беше назначена за амбасадор во ОН на почетокот на 1990-тите, дојде на функцијата државен секретар на САД во 1997 година (пет години) и беше поврзана со регионот во текот на нејзината кариера. Таа ја поддржа и ја креираше бруталната политика на Бил Клинтон кон Србите. Беше главен заговорник на бомбардирањето на Србија во 1999 година.
На Балканот се враќа и поранешниот амбасадор во Македонија Кристофер Хил, овојпат како амбасадор во Србија.
Тука е и заменикот помошен секретар Ескобар кој претходно бил на служба во Белград и Подгорицa.Тој одлично го говори српскиот јазик и важи за голем познавач на регионот.
Comments are closed for this post.