Стотици приврзаници на опозицијата во Албанија денес на антивладините протести во Тирана се судрија со полицијата. Два часа по почетокот на протестите, толпата се обиде да го пробие полицискиот кордон пред зградата на парламентот, додека внатре имаше седница.
Тие побараа оставка од, како што рекоа, корумпираната и неефикасна влада и повикаа на предвремени избори.
Нивниот пробив беше успешен, но полицијата за кратко време успеа да ја стави ситуацијата под контрола.
Во меѓу време, премиерот Еди Рама повтори дека не планира да се поднесе оставка со што би се отворил патот кон предвремени избори.
Comments are closed for this post.