Косовскиот премиер Рамуш Харадинај на Фејсбук објави дека на амбасадорите им го претставил “првиот предлог на сеопфатен договор меѓу Република Косово и Република Србија.
Харадинај објасни дека ова е придружен документ за претстојниот дијалог процес и забрзување на тој процес.
“Шефот на техничкиот дијалог, Авни Арифи, ги презентираше поглавјата што ќе бидат главните параметри на договорот за нас, што ќе го отвори патот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија”, објави Харадинај.
Тој рече дека нацртот на документот со придружните анекси е исто така доставен до сите раководители на институции и раководители на сите политички партии и дека ќе се дискутира.
Следните денови и недели од овој нацрт ќе се дискутираат во сите делови на нашето општество за да се дојде до конечниот документ.
Comments are closed for this post.