Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, добива аноними писма со заканувачка содржина, пишува „Курир“.
Како што наведува изворот на весникот, заканите упатени кон Дачиќ, како и кон неговото семејство, пристигнуваат неколку пати месечно, а напишани се рачно.
Најчести се заканите од Хрватска, Албанија и Косово, наведува соговорникот на весникот и додава дека исти лица ги испраќаат повеќе пати.
Според него, протоколот е таков што за секоја закана мора да се пријави во полиција и во Безбедносно информативната агенција (БИА).
Дачиќ за медиумот изјави дека долго време се занимава со политика при што се навикнал на закани и оти не го интересираат.
Comments are closed for this post.