Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, вчера вечер запеа во Паралија по повод отворањето на Канцеларијата на Единствена Србија.
На свечената вечера што ја организираше претседателот на Единствена Србија, Драган Марковиќ Палма, за околу 1.200 бизнисмени, Дачиќ прво ја испеа грчката песна „Не се лути на мене око мое“, а потоа „Пукни зоро“ и „Муштулук“.
На крајот, според грчкиот обичај, министерот скрши чинија.
Comments are closed for this post.