Една од поголемите трансформации во изгледот ј постигна претседателот на Националното собрание и лидер на социјалистите, Ивица Дачиќ, кој значително ја стави под контрола неговата тежина. Како што рече, не му било лесно. Минатата година ослабел повеќе од 10 килограми, а причината беше пред се високиот шеќер.

– Не ми е лесно да се придржувам до новата диета, но морам да го намалам шеќерот со кој имам проблеми. Мојата исхрана не е естетска, туку здрава. Така целосно ги исфрлив тестенините, колачите, јадам повеќе ‘рж и се трудам максимално да бидам физички активен – изјави Дачиќ, кој вели дека колачите најмногу му недостасуваат бидејќи многу сака да јаде слатки.