Косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај ги повика граѓаните да ги бојкотираат српските производи колку што е можно повеќе и да купуваат стоки произведени во Косово.
Хоџај изјави дека дополнителниот данок од 10 отсто наметнат од владата во Приштина за производи од Србија и Босна и Херцеговина „ги брани интересите на косовската држава, ја зајакнува и го штити локалното производство.
Тој рече дека одлуката е донесена за да се спречи Белград да финансира кампања против Приштина.
Мислам дека одлука како што е оваа го штити интересот на косовската држава, суверенитетот на Косово, територијалниот интегритет, но, над сѐ, ги штити локалните производи, вели Хоџај
Comments are closed for this post.