Компанијата „Свети Стефан хотели“ АД Будва излезе на Монтенегроберзата. Вкупната капитална вредност на компанијата произлезена од Будванска ривиера изнесува 25,85 милиони евра, низ 8,11 милиои акции, со номинална вредност 3,18 евра.
„Сфети Стефан“ хотели формално се издвоени во посебно претпријатие кон крајот на јуни, како дел од реконструирањето на Будванската ривиера, која оди во процес на приватизација.
Владата на Црна Гора претходно даде согласност на одлуката на Одборот на директори на Будванската ривиера околу изборот на модели за реструктуирање на друштвото со кое се предвидува издвојување на хотелите „Свети Стефан“ и „Милочер“ во ново претпријатие со пропорционална поделба на акциите на акционерите од Будванска ривиера.
Останатите хотели – Словенска плажа, Палас, Кастеластва, „Александар“ и Морген ќе останат дел од сегашното претпријатие, Хотелска група Будванска ревиера, и низ приватизација ќе добие нови сопственици.
Државата во моментов е мнозински сопственик на Будванска ривиера со 58 отсто акции, додека партнеите Стратекс и АИК банка имаат по 15 проценти. Сопствениците на овие две компании одамна се спомнуваат како најозбилни кандидати за приватизација на Будванската ривиера.
Comments are closed for this post.