Црногорскиот министер за правда Владимир Лепосавиќ изјави дека нема да поднесе оставка и ќе остане на функцијата се додека ја има довербата од Собранието, откако премиерот Здравко Кривокапиќ поднесе барање до парламентот за неговото разрешување поради изјава во која се релативизира геноцидот во Сребреница.
Владејачкиот Демократски фронт претходно соопшти дека нема да поддржи смена на Лепосавиќ, додека Демократска Црна Гора изјави дека нема да гласа за разрешување доколку нема договор во рамките на парламентарното мнозинство, иако нејзиниот лидер Алекса Бечиќ го повика министерот за правда да поднесе оставка. Ова значи дека за разрешување на Лепосавиќ е потребна поддршка од опозициската Демократска партија на социјалистите на Мило Ѓукановиќ, бидејќи само движењето УРА на Дритан Абазовиќ објави дека ќе гласа за смена на министерот за правда од членовите на владејачката коалиција.
извор/фото: Радио Слободна Европа
Comments are closed for this post.