Црногорскиот бизнисмен Душко Кнежевиќ тврди дека поседува снимка како му дава пари во кеш на претседателот на државата Мило Ѓукановиќ.Сопственикот на „Атланс група“ е во вистинска војна со Ѓукановиќ и доколку ова се покаже вистина може да значи крај на неговата кариера.
Постои снимка на која Ѓукановиќ е во мојата куќа и на која се гледа како во спортска торба му давам пари.Тој парите ги зема а снимен е и разговорот кој е во ден во таа прилика.Но бидејќи се спомнуваат некои луѓе и институции морам да бидам внимателен- објаснува Кнежевиќ.
Тој нагласува дека се консултира со своите адвокати во Велика Британија дали и на кој начин да ја објави снимката.
Comments are closed for this post.