Пушката М 93, наречена „Црна стрела“ е наменета за гаѓање на цели на отворен простор и неоклопнивозила на далечина до 1500 метри и цели во лесно оклопни возила и цели зад
заклони на далечина до 800 метри.

Покрај уништување на жива сила „Црната Стрела“ може да се користи и за дејство против цели како што се неоклопни и лесно оклопни возила,приземјени авиони ихеликоптери,радари и друга електронска опрема,центри за врска и командни места.

Ефикасна е и за борба против непријателски снајперисти.„Црната Стрела“ е репетирка,со концепција заснована на Маузеровиот систем.

Пушката се произведува во два калибри.Српската војска ја користи варијантата на калибар12,7 x108мм,додека за извоз наменета е верзијата 12,7x 99 мм.