Грчкиот премиер доживеа изборен дебакл на неделните европски и локални и регионални избори, пишува „Виенер Цајтунг“. Текстот оди со наслов „Ватерло за Ципрас“, што ќе рече – голем пораз. А, според локални резултати од изборите, има неолку места, како на пример во Северна Грција, каде Алексис Ципрас е поразен до колена.

„Виенер Цајтунг“ наоѓа повеќе причини за таквиот пораз на Ципрас од опозицискиот лидер Киријакос Мицотакис – партијата скршнала од своите основачки примарни цели, таа се оддалечила од средната класа, кокетира со олигарсите, а тука се и Преспанскиот договор, кој не го прифати поголемиот дел од Грците, непотизмот во Владата, индикации за корупција.

Обидите да се манипулира со правдата и со медиумите го уништија имиџот на Алексис Ципрас кој сакаше да се прикаже како претставник на новата генерација силни политичари“, заклучува „Виенер Цајтунг“.

Најголем пораз Ципрас доживеа од Мицотакис во Лаконија – разликата е 26 проценти, а потоа и во Костур – 20,19, во Сер и во други помали места во северна Грција исто така е поразен до колена.

Во Солун Нова демократија освои 32,25 проценти, а Сириза 17,92, односно разликата е 17,33 проценти, а со толкава разлика Ципрас загубил и во Кукуш, и Кавала и на Халкидики.